Дома Трансфер зона Милан и Барселона ја сакаат ѕвездата на Удинезе

Милан и Барселона ја сакаат ѕвездата на Удинезе

Лазар Самарџиќ игра одлично во дресот на Удинезе и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


21-годишниот офанзивен играч за врска е роден во Германија, но има српски корени и избра да игра за српската репрезентација.

Тој игра одлично во Серија А, а најсилен интерес за неговите услуги покажуваат Барселона и Милан.

Двата клуба веќе имале контакт со неговиот агент и ќе се обидат на лето да го доведат во своите редови, а Барселона е подготвена да го остави уште една сезона во Удинезе на позајмица.

Самарџиќ покажа дека е еден од најталентираните играчи во Серија А, па Удинезе сигурно нема да го пушти за сума помала од 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…