Пари Сент Жермен ја признава грешката и сака да го врати голманот Мајк Мењан во своите редови.
Мењан е дете на Пари Сент Жермен, кој за 1 милион евра беше продаден во Лил, а сега во Милан се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Европа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мењан брани фантастично, стана прв голман на француската репрезентација, а од друга страна ПСЖ не е задоволен од Донарума.
„Светците“ се спремни на лето да понудат 80 милиони евра и со тоа да го направат Мењан најскап голман во историјата.
Но тоа нема да биде лесна задача бидејќи 27-годишниот голман започа преговори за обновување на договорот со Милан.