Селекторот на репрезентацијата на Португалија, Роберто Мартинез по натпреварот против Луксембург истакна дека Роналдо останува дел од неговите планови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Португалија го победи Луксембург со 6:0 на гостински терен, а Роналдо постигна два гола. Португалецот стана и рекорд по бројот на настапи за националниот тим со 198 натпревари.
„Кристијано е единствен играч во светот, со најголем број настапи за репрезентацијата. Бројките и фактите покажуваате дека тој е уникатен.
Сите играчи имаат важност во соблекувалната, младите поради желбата и мотивацијата, а Кристијано, Руи Патрисио и Бернардо Силва носат искуство. Важно е да имате комплетна соблекувална“, изјави Мартинез.
Следниот натпревар во квалификациите, Португалија ќе го игра на 17-ти јуни против селекцијата на Босна и Херцеговина на домашен терен.
2 jogos, 2 vitórias! Objetivo cumprido. Feliz por ter contribuído para este início muito positivo da nossa seleção. Vamos!💪🏼🇵🇹 pic.twitter.com/mLmlAVGFiU
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) March 26, 2023