Дома Трансфер зона Кулушевски се враќа во Серија А

Кулушевски се враќа во Серија А

Шведскиот репрезентативец со македонско потекло Дејан Кулушевски на лето би можел да се врати во Серија А.

Кулушевски минатата година се пресели во Тотенхем од Јувентус за 35 милиони евра и веднаш го покажа својот потенцијал во Премиер лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кулушевски беше голема желба на Конте, кој на крајот на сезоната сигурно  ќе го напушти клубот.

Доколку Тотенхем не избори пласман во Лигата на шампиони, Кулушевски ќе побара трансфер, а најсилен интерес за него покажува Милан.

„Росонерите“ се спремни да понудат 30 милиони евра за неговиот потпис, а Кулушевски сака да се врати во Серија А каде ја доживеа својата афирмација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан ја плаќа клаузулата за Гираси

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси го привлече вниманието на многу европски клубови, а на…