Дома Фудбал Англија Зошто Дембеле вчера го гледаше натпреварот на Сандерленд?

Зошто Дембеле вчера го гледаше натпреварот на Сандерленд?

Фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле вчера ја изненади фудбалската јавност откако се појави на натпреварот помеѓу Сандерленд и Шефилд Јунајтед.

Чудно беше за многумина што напаѓачот на Барселона кој во овој момент е повреден се појави на тој натпреварот и не се знаеше каква е поврзаноста на Дембеле со овој клуб.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Сепак, набрзо од шпанските медиуми стигна објави објаснување. Имено, Дембеле бил добар пријател со претседателот на Сандерленд Кирил Луис-Драјфус и токму со него го следеше натпреварот.

Се потсети дека Дембеле минатата сезона преку социјалните мрежи му честиташе на Сандерленд за пласманот во Чемпионшип. Инаку, францускиот бизнисмен и прв човек на Сандерленд има само 25 години и тој е најмладиот претседател на клуб во Англија.

Доаѓањето на Дембеле секако беше голема чест за него, но на крајот тие немаа причина за радост бидејќи Сандерленд беше поразен со 1:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се подготвува „чистка“ во Барселона: Овие шестмина се пред заминување!

Барселона се подготвува за летна реконструкција на тимот, при што веќе шест фудбалери се с…