Лоши вести за Милан и тренерот Винченцо Монтела, кој го загуби капитенот Рикардо Монтоливо најверојатно до крајот на сезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Монтоливо се повреди синоќа на натпреварот против Шпанија, а денешните испитувања покажаа кинење на лигаментите на левото колено.
Капитенот на Милан ќе биде опериран во наредните денови, па потоа следува неколкумесечен период на рехабилитација, што значи дека сезоната за него е завршена.
Ова сигурно ќе биде тежок удар за „росонерите“ бидејќи Монтоливо е стандарден и е најдобриот поединец во средниот ред на Милан.