Некогашниот УФЦ борец кој денес е во пензија го шокираше светот со изјавата дека Леброн Џејмс користи нелегални супстанци за да биде подобар на кошаркарскиот терен.
Во овој момент тој работи како промотер на борбите и ММА аналитичар. Тој во гостувањето во една емисија истакна дека најдобриот стрелец во историјата на НБА користи еритропоетин кој се произведува во специјални ќелии на бубрезите и влијае на производство на црвените крвни зрнца.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Можеби другите кошаркари ќе кажат дека не е важно, но ако знаеш како влијаат овие супстанци тогаш ќе знаеш дека е важно“.
Исто тој така своето тврдење го аргументираше со тоа дека таквите супстанци ги набавувале од ист човек.
„Со Леброн имаме ист дилер и затоа знам што точно зема. ЕПО ти дава поголема издржливост, максимално ти ги подобрува перформансите. Многу се користи и кај велосипедистите“, истакна поранешниот УФЦ борец.
Делот за Леброн е на 1:40:00 од видеото.