Дома Македонски спорт Мак фудбал Од Вардар со ОСТРИ критики: Ни побараа огромна цена, а добивме очајни услови!

Од Вардар со ОСТРИ критики: Ни побараа огромна цена, а добивме очајни услови!

Како што е познато Вардар запиша висок пораз во натпреварот против Зенит во првиот натпревар од Лигата на Европа, а на денешната прес конференција за медиумите, извршниот директор на клубот Самоил Симев, испрати остри критиките кон градот Скопје за условите и цената која била побара за користење на стадионот.

„Одлуката за зголемување на ценовникот за употреба на стадионот Филип Втори. Вложувањата се зголемуваат од година в година, претрпевме големи неправди, 40 часа пред Зенит добивме одлука за зголемување на цените за употреба на стадионот. Додека на овој начин се респектира спортот, во соседството сите екипи ја имаат поддршката од државата и институциите, а цената за закуп кај нив е далеку помала. Ни беа побарани 40.000 евра, но стадионот има недоволен број вработени, инвентарот не беше на свое место, хигиената на најмизерно ниво. Струја и приклучоци за новинарите, тревата поставена на трошок на клубот, билетарата во очајна состојба“, изјави извршниот директор Самоил Симев.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Потоа зборуваше претседателот на клубот Сергеј Самсоненко.

„Вчера побарав пример од Србија за Партизан и Звезда. Двата клуба плаќаат идентично, односно 30.000 годишно плус околу 500 евра за трошоци. Побарав информации и од Белгија, земја од ЕУ, Клуб Бриж ништо не плаќа, само го одржуваат стадионот. Самата математика можете да ја споредите. Се надевам дека владата нема да ја остави работата на јавните претпријатија и ќе преземе соодветни мерки. Што се однесува до натпреварот, целосно потфрливме и треба да ме критикуваат, момците изгореа од желба, но тоа е што е и честитки до Зенит“, изјави Самсоненко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Одлична вест: Македонија утре и дефинитивно со Димитријевиќ!

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда ка…