Приоритет на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде да ја засили левата бековска позиција.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Бјанконерите“ сакаат да донесат наследник на Алекс Сандро, кој на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти клубот.
Најголема желба на раководстворо на „старата дама“ е Алехандро Грималдо од Бенфика.
Договорот на Грималдо со Бенфика истекува на крајот на сезоната и тој на лето ќе биде слободен агент.
Јувентус веќе стапил во контакт со неговиот агент и сака да го доведе во Торино без обештетување на лето.