Дома Фудбал Лига на шампиони Милер со порака за Мбапе: Нема многу да се забавуваш во Минхен

Милер со порака за Мбапе: Нема многу да се забавуваш во Минхен

Ветеранот на Баерн Минхен, Томас Милер испрати порака до ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе пред утрешниот дуел на „Алијанц Арена“.

Баерн утре го пречекува ПСЖ во реванш осминафиналниот дуел од ЛШ, а во првиот меч победи во Париз со 0:1.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Милер знае дека најголемата опасност за Баварците доаѓа од Мбапе, па имаше само пофални зборови за него.

„Неговата експлозивност, преземање на топката, тој е ѓавослки ефикасен и многу ми се допаѓа. Мислам дека целиот свет сака да го гледа. Но ако нашиот план функционира, утре нема многу да се забавува“, изјави Милер.

На првиот меч Мбапе не беше доволно рехабилитиран и одигра само во второто полувреме, а утре ќе биде спремен и ќе биде во стартниот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Халанд ја купи најскапата книга во историјата на Норвешка за која плати 115.000 евра!

Ерлинг Халанд, фудбалскиот ас на Манчестер Сити, стана сопственик на најскапата норвешка к…