Дома Македонски спорт КРАЈ: Зенит покажа СИЛА, пет гола во мрежата на Гачевски

КРАЈ: Зенит покажа СИЛА, пет гола во мрежата на Гачевски

Се е спремно за првиот натпревар на Вардар во Лигата на Европа. Избраниците на Чедомир Јаневски за нешто повеќе од десетина минути ќе го започнат натпреварот против Зенит на арената „Филип Втори“. Се надеваме на нов успех и нова радост. Напред Вардаре. Бидете тука…


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


1 – Натпреварот започна од центарот тргнуваат фудбалерите на Вардар…

3 – Александар Кокорин испрати топка во срцето на шеснаесетникот, но за наша среќа одбраната на Вардар одлично реагираше. Гостите добија корнер по кој нашиот претставник ја освои топката….

5 – Гостите се тие кои ја имаат иницијативата, Зенит добива нов корнер, по кој Кокорин ја погоди мрежата на Гачевски. Вардар – Зенит 0:1…

7 – Конечно и закана од Вардар, Тигран Барсјеган упати удар кон голот на Лунев...

10 – По почетните десетина минути Зенит е тој кој што го диктира темпото, момците на Јаневски како премногу импресионирано да влегоа во натпреварот против рускиот клуб…

12 – Брдаровски уфрли со глава од левата страна, но немаше кој да ја искористи оваа топка, неколку моменти подоцна Хуан Фелипе беше „уловен“ во офсајд позиција…

20 – Изминува и половина од првиот дел, Вардар сеуште без посериозна прилика да го загрози голот, на Лунев, гостите се тие кои ја имаат топката во свој посед.

21 – Александар Кокорин со својот втор погодок зголемува на 0:2…

На трибините можат да се забележат интересни ситуации, а ја издвојуваме оваа во која еден пар Партизан – Звезда, ужива во натпреварот.

30 – Изминува и половина час од првиот натпревар на Вардар од Лигата на Европа, ништо не се менува Зенит ја има топката, Вардар не успева да дојде до сериозна шанса за погодок…

„Комитите“ како и секогаш се тука да го поддржуваат Вардар, без разлика на резултатот тие создаваат фантастична атмосфера….

38 – Сега и мало поигрување од страна на русите Џуба зголемува на 0:3, на Вардар со ваква игра му се заканува резултатска катастрофа…

43 – За работите да бидат полоши, Владица Брдаровски заработи тешка повреда при постигнувањето на голот на Џуба. Брдаровски беше изнесен на носилки на негово место во игра влезе Дарко Глишкиќ.

45 – Крај на полувремето, Зенит на пауза заминува со убедлива предност, останува да се надеваме дека Јаневски ќе пронајде начин да ги мотивира црвно-црните, да прикажат подобра игра во вториот дел.

46 – Започнува второто полувреме…

50 – Изминуваат пет минути во вториот дел Вардар како да пронајде мотив или пак Зенит се повлече, но како и да е црвно -црните се закануваат, играта е преселена пред голот на Лунев…

55 – Ударот од аголот за црвно-црните….одбраната на Зенит расчистува но Вардар продолжува да се заканува, далеку подобра игра во вториот дел на нашиот претставник…

60 – Изминува еден час од натпреварот, добиваме впечаток дека причината за веројатниот пораз во овој натпревар можеме да ја бареме во играта во првото полувреме, во вториот дел како нови момци да истрчаа на теренот…

63 – Измена во редовите на Зенит во игра влегува Емилијано Ригони, на местото на двојниот стрелец Александар Кокорин.

63 – Измена и кај Вардар излегува Никола Глигоров, на негово место шанса добива Висар Муслиу

64 – Вардар има одлична прилика од позиција на скратен корнер да го загрози голот на Лунев….Сепак овој прекин помина без никаква опасност за гостинскиот голман.

66 – И покрај добрата игра на Вардар, Зенит повторно пронајде начин да дојде до нашиот гол, овој пат стрелец на голот беше искусниот Бранислав Ивановиќ…

70 – Измена во редовите на Вардар играта ја напушта Дејан Блажевски, на негово место влегува новото засилување на македонскиот шампион, Итало...

75 – На петнаестина минути до крајот на средбата Тигран Барсегјан упати одличен удар од дваесетина метри, но за жал неговиот обид заврши над голот на Андреј Лунев….

77 – Измена во редовите на Зенит, играта ја напушта стрелецот на четвртиот гол Бранислав Ивановиќ на негово место во игра влегува Денис Терентиев…

80 – Десет минути до крајот на истекот на регуаларните 90, веројатно најсветол момент во натпреварот за Вардар се неговите најверни навивачи „комитите“ кои во текот на целиот натпревар безрезрвно ја даваа својата поддршка…

82 – Измена во редовите на Зенит во игра влегува Јуриј Жирков…

85 – Фантастична реакција на голманот Гачевски кој мораше да ја поправа грешката на одбраната и да истрчува на триесетина метри од својот гол за да спречи нов гол во неговата мрежа…

86 – На неколку минути пред крајот вардаровите фудбалери го чекаат само последниот свиреж на главниот судија Јакоб Келет…

90 – Емилијано Ригони става точка на натпреварот петти погодокот во мрежата на Филип Гачевски, Келет продолжува три минути…

КРАЈ на средбата Вардар – Зенит 0:5.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Официјално: Вардар има нов газда!

Oд екипата на Вардар денес и официјално потврдија дека Атила Бижен Жалили откупил 85% од а…