Македонскиот тајент Елиф Елмас ова лето направи трансфер во Фенербахче, а турскиот гигант сега ги откри и финансиските детали од трасферот.
Според информациите од Фенербахче турскиот гигант за трансферот на Елиф Елмас на Работнички му платил 180 000 евра додека фудбалерот за петгодишниот договор ќе заработи 1.2 милиони евра.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Според извори од клубот за нашиот репрезентативец се интересирале дури 25 клуба, меѓу кои и европски гиганти од калиборот на Манчестер Сити, Арсенал, Лацио, Ајакс…
Елмас сепак официјалното деби за Фенербахче ќе го има наредната година бидејќи не доби специјална дозвола од ФИФА да биде регистриран, а турските медиуми шпекулираат дека за Македонецот се интересира еден од најпознатите светски менаџери Жорге Мендеш.