Меси ја одбил понудата на ПСЖ за продолжување на договорот и ќе си замине од Париз на лето, пренесува еминентниот „Екип“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Таткото на Меси, Хорхе пристигна во Париз да ги интензивира преговорите со ПСЖ, но ја одбил најновата понуда од „светците.
Хорхе Меси, кој е и негов агент, разговарал со спортскиот директор Луис Кампос но не успеале да постигнат договор.
Договорот на Меси со ПСЖ истекува на крајот на сезоната, а Аргентинецот пред себе има две опции за продолжување на кариерата.
Едната е враќање во Барселона, а другата е да се пресели во САД и да го облече дресот на Интер Мајами.