Менаџерот на Арсенал, Микел Артета го сака играчот за врска на Реал Сосиедад, Мартин Субименди.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Приоритет на Арсенал во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред. „Топџиите“ го доведа Жоржињо во јануари, но не се откажуваат од Субименди, кој е најголема желба на Артета.
23-годишниот Шпанец има договор со Сосиедад до 2025 година, а неговата откупна клаузула изнесува 60 милиони евра.
Субименди игра фантастична сезона, а интерес за него покажува и Барселона, која во него гледа идеаелен наследник на Бускетс.