Нејмар е во центарот на вниманието откако француските медиуми открија дека влегол во расправија спортскиот директор Луис Кампос.
Нејмар и капитенот Маркињос влегле во конфликт со Кампос пред целиот тим, кој сметал дека не покажале доволно посветеност на теренот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Нејмар на денешната пресконференција не го негираше конфликтот, туку направи интересна компарација.
„Стануваше збор за мала дискусија, не се сложувавме. Се расправавме, но такви работи секогаш се случуваат. Се расправам и со девојката, па продолжуваме да бидеме заедно. Фудбалот не е само љубов, некогаш мораш и да се расправаш за да станеш подобар. Точно дека во овој момент не ни оди добро, а во ПСЖ се навикнавме да победуваме. Дискусиите се дел од фудбалот и ни помагаат да знаеме кој што мисли. Ова е моја шеста година во клубот и секогаш има некакви шпекулации и приказни“, изјави Нејмар.