Дрес на легендарниот Коби Брајант кој загина во хеликоптерска несреќа во 2020 година беше продаден на аукција за 5.8 милиони долари и тоа е трета најголема платена цена за спортски дрес по оние на Мајкл Џордан и Диего Марадона, објави аукциската куќа „Sotheby“.
„Ова е дрес е икона каква што ретко има помеѓу спортската опрема. Коби го носеше 25 пати во текот на НБА сезоната 2007/2008 кога беше прогласен за МВРП во сезоната“, изјави Брахм Вачтер, првиот човек на аукцијата куќа,
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Името на личноста која го купи дресот не беше објавено, затоа што сакаше да остане анонимна.
Минатата година дресот од Чикаго Булс со број 23 кој го носеше Мајкл Џордан во освојувањето на неговиот последен НБА прсен во 1998 година беше продаден за 10.1 милиони долари, вториот најскапо продаден дрес е оној на Марадона од 1986 година.