Трансферот на дефанзивецот на ЛА Галакси, Хулиан Араухо во Барселона пропаднал, бидејќи Каталонците закасниле 18 секунди при регистрацијата на документите.
Ова денес го потврди директорот на Барселона, Матеу Алемани. Каталонците сакаа да го доведат 21-годишниот Мексиканец за 6,5 милиони долари во последниот ден од трансфер пазарот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не успеавме да го регистрираме поради грешка во системот. Станува збор за 18 секунди, ќе видиме што ќе каже ФИФА“, изјави Алемани.
Barcelona missed out on signing LA Galaxy defender Julian Araujo on Deadline Day as they were just 18 seconds late in registering the paperwork 😧 pic.twitter.com/Z8kDxeUQpE
— Sky Sports Football (@SkyFootball) February 2, 2023