Дома Топ вести Милан се вклучи во трката за Милинковиќ-Савиќ

Милан се вклучи во трката за Милинковиќ-Савиќ

Сергеј Милинковиќ-Савиќ игра уште една одлична сезона и на лето сигурно ќе ја промени средината.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Србинот одби да го продолжи договорот со Лацио бидејќи сака трансфер, а неколку европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис.

Со оглед на фактот дека Милинковиќ-Савиќ на лето влегува во последната година од договорот Лацио ќе биде приморан да го продаде.

Јувентус и Арсенал веќе подолго време го сакаат Србинот, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Милан.

Трнерот Пиоли одлично го познава СМС од времето кога работеше во Лацио и сака да го убеди да му се придружи на „Сан Сиро“.

Бидејќи на лето Сергеј ќе влезе во последната година од договорот се верува дека Лацио ќе мора да се задоволи со 50 милиони евра, сума која „росонерите“се спремни да ја платат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…