Рома го исфрли од тимот Николо Заниоло, откако Италијанецот побара да го напушти клубот во зимскиот преоден рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Наверојатно Заниоло нема да направи трансфер, но Мурињо нема да смета повеќе на него, па почна да бара замена.
Прва мета е Луис Муриел од Аталанта, кој исто така не е во добри односи со тренерот Гасперини и сака да ја промени средината.
„Волчицата“ започнала преговори со Аталанта и сака да го доведе Колумбиецот на позајмица со право на откуп.
Мурињо верува дека одлично ќе се вклопи во неговиот тим и дека може да игра во тандем како со Дибала, така со Абрахам.