Првиот човек на УЕФА нема ништо против ПСЖ да се исфрли од европските натпреварувања доколку се докаже дека ги прекршиле правилата на Финансискиот фер-плеј.
Претседателот на европската куќа на фудбалот (УЕФА) истакна дека не се плаши да го казни ПСЖ, но само доколку биде утврдено дека „парижаните“ го прекршиле Финансискиот фер-плеј.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Ова лето ПСЖ потроши 400 милиони евра за само двајца фудбалери, Нејмар и Мбапе. Меѓутоа, за да ја избегнат казната ПСЖ го доведе Мбапе на едногодишна позајмица, па следното лето ќе му плати на Монако 180 милиони евра.
Нејмар беше купен 222 милиони евра, но така што сумата на Барселона и ја плати катарската влада.
„Доколку се докажат неправилности, ќе мора да го исклучиме ПСЖ од сите натпреварувања кои се под капата на УЕФА. Не се плашиме да го казниме ПСЖ, ама баш никој не може да биде над законот“, изјави Чеферин.