Ливерпул е во потрага по засилување за средниот ред, а бидејќи Белингам е скоро „невозможна мисија“, „црвените“ ќе се насочат кон други цели.
Најнова мета на Ливерпул е играчот за врска на Борусија Мехенгладбах и млад француски репрезентативец, Ману Коне.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Младиот Французин игра фантастично оваа сезона во Бундеслигата и веќе го доби епитетот „новиот Канте“.
Коне има одлични дефанзивни карактеристики, притоа има и добра техника, па е идеален профил каков што бара Клоп.
Ливерпул е спремен да плати 25 милиони евра за неговиот потпис, но конкуренцијата е огромна, бидејќи силен интерес за Коне покажуваат уште ПСЖ и Баерн Минхен.