Баерн Минхен одлучи – Рандал Коло Муани e првата мета за засилување во нападот.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Оваа вест денеска ја објави „Л’Eкип“ кој тврди дека Баерн веќе стапил во контакт со претставниците на фудбалер. Францускиот медиум тврди дека Коло Муани е приоритет на гигантот од Минхен иако неговиот договор со Ајнтрахт има важност до 2027 година.




Коло Муани неочекувано доби повик од Дидие Дешам по повредата на Кристофер Нкунку, а малку недостасуваше да стане херој на Французите откако влезе во 100% прилика во самата завршница од финалето против Аргентина.




Коло Муани штотуку наполни 24 години и пред него е веројатно најдобриот период во кариерата, а понуда од Баерн тешко се одбива. Сепак, нешто се прашува и неговиот клуб Ајнтрахт.




Французинот во Ајнтрахт летово пристигна како слободен играч од Нант и веднаш експлодираше во Бундеслигата со пет гола и 10 асистенции на 14 настапи.



