Дома Трансфер зона Баерн ја најде замената за Ноер

Баерн ја најде замената за Ноер

Голманот на Ајнтрахт Франкфурт, Кеви Трап е новото име кое се поврзува со трансфер во Баерн Минехен, пренесува „Билд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Баерн е во потрага по нов голман, кој треба да го замени повредениот Мануел Ноер, кој ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната.

До сега фаворит беше Јан Зомер од Мехенгладбах, но Баварците сметаат дека Трап ќе биде подобра опција бидејќи е помлад и може да биде долгорочно решение за наследник на Ноер.

Трап има договор со Ајнтрахт со 2024 година и одби да ја продолжи соработката бидејќи сака трансфер на „Алијанц Арена“.

Меѓутоа, Ајнтрахт сигурно нема лесно да го пушти во јануари, додека не најде адекватна замена бидејќи Трап е еден од најважните фудбалери во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…