Бразилскиот вундеркинд Ендрик долго време се поврзуваше со различни европски гиганти, но реши кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид.
Бразилецот ќе им се приклучи на „кралевите“ во 2024 година, кога ќе наполни 18 години, а дотогаш ќе го носи дресот на Палмеирас.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Ендрик се интересираше и Барселона, а подоцна во битката се вмешаа и ПСЖ и Челси, за сепак на крајот Реал да излезе како победник по договорот со семејството на тинејџерот.
„Многу сум среќен што го избрав Реал Мадрид. Му благодарам на Бог за се. Кога ќе пристигнам во Мадрид, ќе се забавувам. Винисиус ми испрати важна порака и ме охрабри да потпишам за Реал. Исто така, мојот идол Кристиано играше за Реал“, вели Ендрик.