Раководството на Челзи веќе го договори Кристофер Нкунку, кој треба да биде прво големо засилување за следната сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи преговара со уште еден играч на Лајпциг, а станува збор за дефанзивецот Јошко Гвардиол.
Во клубот веруваат дека Гвардиол ќе биде наследник на Тиаго Силва,а Лајпциг во летниот преоден рок одби понуда од 80 милиони фунти за него.
Хрватскиот репрезентативец на Мундијалот се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
„Сините“ сакаат да го купат Гвардиол во јануари за 90 милиони евра и да го остават во Лајпциг до крајот на сезоната, со цел да ја победат конкуренцијата.
Доколку се реализира овој трансфер Гвардиол ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата.