Академија Пандев вечерва објави дека талентираниот Андреј Велков го потпишал првиот професионален договор со сениорскиот тим.
„16-годишниот Андреј Велков го потпиша својот прв професионален договор со Академија Пандев.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Перспективниот лев бек кој воедно е и репрезентативец на Македонија во селекцијата У-17, е еден од фудбалерите во кои сме сигурни дека во иднина ќе биде важен дел од сениорскиот состав.
Веруваме во квалитетите на нашите млади фудбалери и фокусот на клубот ќе остане кон нивен правилен развој“, објави од струмичкиот клуб.