Ѕвездата на Реал Мадрид, Тони Крос беше јасен дека или ќе стави потпис на нов договор со „кралевите“ или ќе замине во пензија.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а Реал е спремен да му понуди продолжување на соработката, но Германецот се уште нема донесено конечна одлука.




Сега во трката се замеше и Манчестер Сити, кој спреми мега понуда со која сака да го убеди Крос да се пресели на „Етихад“.




„Дејли Мејл“ тврди дека Крос добил понуда од Сити вредна 14 милиони евра по сезона, а Гвардиола го убедува да му се придружи во неговиот тим.
Тоа е значително поголема плата од актуелната во Реал, но Крос тешко дека ќе прифати да игра за друг клуб.