Душан Влаховиќ и Филип Костиќ играат одлично во дресот на Јувентус, а наскоро би можеле во Торино да им се придружат уште двајца сонародници.
Јувентус во зимскиот преоден рок сака да ја засили одбраната и приоритет е доведување на еден централен дефанзивец, а прав цел е Страхиња Павловиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
21-годишниот дефанзивец игра одличо во Салцбург, а Јувентус е спремен да понуди 25 милиони евра за неговиот потпис.
Како што е познато од поодамна Јувентус работи на трансферот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио, кој на крајот на сезоната сигурно ќе ја промени средината.
Неговиот агент Кежман наводно веќе има договор со „старата дама“, а Јувентус е спремен за неговиот потпис да понуди 70 милиони евра.