Дома Топ вести Реал Мадрид ја сака ѕвездата на Леверкузен

Реал Мадрид ја сака ѕвездата на Леверкузен

Реал Мадрид е заинтересиран за дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, пренесуваат шпаските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Анчелоти сака да ја засили десната страна од одбраната и во јануари е спремен да испрати понуда за 21-годишниот Фримпонг.

Фримпонг пристигна во Леверкузен во јануари од Селтик за 11 милиони евра и има договор со „фармацевтите“ до 2025 година.

Играчот е продукт на школата на Манчестер Сити, но не успеа да се наметне кај „граѓаните“, па беше продаден во 2019 година.

Тој во Леверкузен игра одлично и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Реал е спремен да ја победи конкуренцијата и на лето да го доведе на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…