Милан и Јувентус се заинтересирани за дефанзивецот на Салцбург и српски репрезентативец, Страхиња Павловиќ.




21-годишниот дефанзивец игра одличо во Салцбург, а синоќа на „Сан Сиро“ го следеа скаути на неколку европски гиганти.




Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Павловиќ пристигна во Салцбург од Монако за 10 милиони евра, но неговата цена драстично порасна со неговите одлични настапи.




Италијанските медиуми пренесуваат дека главната битка за неговиот потпис ќе ја водат Јувентус и Милан.




„Старата дама“ во него гледа наследник на Бонучи и е спремна да понуди 25 милиони евра уште во зимскиот преоден рок.