Се поголем е бројот на клубови кои се приклучуваат во траката за потписот на ѕвездата на Њукасл, Бруно Гимараеш.
Голем интерес за неговите услуги покажуваат раководните лица на Ливерпул, Челзи и на Реал Мадрид, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Барселона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Каталонците се во потрага по квалитетен играч за врска кој може да биде наследник на Бускетс, а Чави смета дека Бразилецот би бил идеално засилување.
24-годишниот Бразилец пристигна во Њукасл пред една година за 45 милиони евра, но неговата цена многу порасна со неговите одлични настапи во Премиер лигата.
Барселона ќе има силна конкуренција за неговиот потпис, а Њукасл сигурно нема да го пушти за сума помала од 100 милиони евра.