Дома Топ вести Реал ја доби битката за бразилскиот „вундеркид“

Реал ја доби битката за бразилскиот „вундеркид“

Ендрик Филипе Мореира е новиот голем бразисли талент за кого експертите предвидуваат дека ќе биде нова голема фудбалска ѕвезда.

Станува збор за фудбалер на Палмеирас, кој има само 16 години и неодамна дебитираше за првиот тим. Ендрик сепак го привлече вниманието на многу европски гиганти чии скаути ги следат неговите настапи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид, Барселона, ПСЖ и Манчестер Сити се силно заинтересирани за Бразилецот, а последните информации се дека „кралевите“ ја добиле битката за неговиот потпис.

Реал Мадрид испратил понуда од 30 милиони евра, која со бонуси може да достигне до 35 милиони. Трансферот треба да се реализира во јануари, а фудбалерот ќе остане на позајмица во Палмеирас додека не наполни 18 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид добил понуда од 45 милиони евра за Ѓулер

Aрсенал знаел да добие одлично засилување од Реал Мадрид, а пример за тоа е Мартин Одегард…