Дома Топ вести Јувентус го сака Депај во јануари

Јувентус го сака Депај во јануари

Мемфис Депај најверојатно ќе ја напушти Барселона во зимскиот преоден рок, а кариерата би можел да ја продолжи во Серија А.

Депај и ова лето беше на излезна врата, но сепак остана во Барселона, каде не добива голема минутажа и е во втор план.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Поради тоа сака да ја промени средината, а и Барселона сака да го продаде во јануари бидејќи на крајот на сезоната ќе замине без обештетување.

Најконкретен интерес за Холанѓанецот покажува Јувентус, кој сака да го доведе во зимскиот преоден рок.

„Старата дама“ сака да го засили нападот, а Алегри верува дека Депај одлично ќе се вклопи во тимот.

„Бјанконерите“ наскоро ќе стапат во контакт со неговиот агент, а можат да го доведат во Торино за симболична сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Човекот со најдобра работа во светот: Освојува трофеј за секои 10 минути на теренот

Eдно име од редовите на актуелниот англиски шампион, Манчестер Сити посебно се издвојува –…