Во последното интервју за германски „Билд“, Ралф Рангник открива кои 6 играчи ги побарал да му бидат донесени во Манчестер Јунајтед.
Рангник беше назначен како привремен менаџер, а по завршувањето на сезоната требаше да преземе советничка улога на „Олд Трафорд“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Германецот го советувал раководството на „црвените ѓаволи“ да доведат шест фудбалери, а сега ги откри и имињата.
„Повеќе од јасно им беше на сите дека се потребни засилувања на повеќе позиции, токму затоа разговаравме за играчи како Јошко Гвардиол, Кристофен Нкунку, зборувавме и за Алваро Мората, Луис Диаз, Душан Влаховиќ, но и за Халанд, кога тој беше уште актуелен на пазарот“, открива Рангник.
Јунајтед не донесе ниту еден од овие фудбалери, кои играат одлично во своите клубови и нивната цена се зголеми повеќекратно.