Барселона синоќа беше поразена од Баерн Минхен со 3:0 на „Камп Ноу“ и беше елиминирана од Лигата на шампиони.
Играчите се разочарани од елиминацијата, а некои од нив имаат и други причини да не бидат среќни на „Камп Ноу“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Еден од најголемите таленти во клубот, Ансу Фати е разочаран бидејќи добива мала минутажа оваа сезона и само 3 пати се најде во стартниот состав.
Каталонски „Спорт“ пренесува дека Фати го информирал својот агент Жорге Мендеш да почне да му бара нов клуб и дека на лето сака да ја промени средината.
Во Барселона се спокојни бидејќи Фати неодамна го продолжи договорот до 2027 година и има откупна клаузула од 1 милијарда евра.