Каталонскиот гигнат Барселона би можел на крајот од оваа сезона да остане без еден од своите најдобри фудбалери, Хавиер Маскерано.
Според информациите кои што доаѓаат од Каталонија и Кина, Хавиер Маскерано е блиску до трансфер во Шангај СИПГ, вреден 50 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„АС“ денеска тврди дека Барселона веќе има договор за продажба на својот фудбалер и тоа во висина од 50 милиони евра што е двојно повеќе од сумата што Каталонците пред шест години ја платија за Маскерано на Ливерпул.
Проблемот е само дали Аргентинецот ќе прифати да се пресели во Кина бидејќи на крајот од оваа сезона ќе има полни 33 години, а одамна истакна дека му е сон кариерата да ја заврши во матичниот клуб Ривер Плате.
Маскерано во 2010 година пристигна во Барселона од Ливерпул и меѓу другото освои две титули во Лигата на шампионите во 2011 и 2015 година.