Кристиано Роналдо готово сигурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок.
Медиумите на Островот тврдат дека три клуба од Премиер лигата, Арсенал, Челзи и Њукасл ја отфрлиле можноста да го доведат Португалецот во своите редови.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Сега на дневен ред повторно е Наполи, кој игра одлично и се бори за титулата во Серија А.
Се тврди дека Наполи има интерес кон Роналдо и дека ќе може да помогне во освојување на Скудетото.
Италијанскиот клуб е спремен да го доведе во своите редови, но без обештетување само доколку Роналдо го раскине договорот со Манчестер Јунајтед.