Дома Топ вести ПСЖ го „краде“ бразилскиот талент пред носот на Реал

ПСЖ го „краде“ бразилскиот талент пред носот на Реал

Ендрик Филипе Мореира е новиот голем бразисли талент за кого експертите предвидуваат дека ќе биде нова голема фудбалска ѕвезда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за фудбалер на Палмеирас, кој има само 16 години и неодамна дебитираше за првиот тим. Ендрик сепак го привлече вниманието на многу европски гиганти чии скаути ги следат неговите настапи.

Реал Мадрид прв застана во ред за неговиот потпис, а сега во трката се приклучи и ПСЖ, кој сака да ја победи конкуренцијата.

„Светците“ испратиле понуда од 20 милиони евра, сакаат да го купат сега и да го остават на позајмица во Палмеирас додека не наполни 18 години.

Бразилскиот клуб за својот „бисер“ бара 35 милиони евра, па можно е наскоро и Реал да испрати понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…