Плејмејкерот на Јувентус, Адриен Рабио може да се пресели во Барселона како слободен агент на лето, пренесува „Калчомеркато“.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Чави сака да го засили средниот ред, а верува дека Рабио иделано ќе се вклопи во неговиот стил на игра.
27-годишниот Французин беше на мета на Манчестер Јунајтед минатото лето, но сепак реши да остане во Јувентус и до крај да го одработи договорот.




Тој на лето ќе биде слободен агент, а нема најава за продолжување на договорот со Јувентус, па готово сигурно ќе замине без обештетување.




Барселона сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе Французинот на „Камп Ноу“ бесплатно.