Италијанскиот репрезентативец, Марко Верати изјави дека го импресионирал Иско.
Верати во квалификацискиот натпревар, каде што неговата Италија загуби од Шпанија, водеше многу дуели со Иско, а како поуспешен излезе токму фудбалерот на Реал Мадрид, кој го играше можеби најдобриот натрпеварот во неговата кариера.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
За играта на Иско, Верати по натпреварот имаше само пофални зборови.
„Многу се мачев против Иско. Импресиониран сум од она што го покажа. Меси не е ниту блиску до тоа ниво“, изјави Верати, пренесуваат странските медиуми.
Во еден момент од натпреварот, Иско и успеа да го посрамоти Верати така што му ја протна топката низ нозете, што го воодушеви дури и селекторот на Италија, кој изјави дека планирал да стане и да му аплаудира на Шпанецот.
Прекрасната игра на Иско можете да ја подлегнете ОВДЕ.