ПСЖ е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваат француските медиуми.
Португалецот се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Европа и беше избран за МВП на сезоната во Серија А.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неговиот договор со Милан е до 2024 година во кој има откупна клаузула од 150 милиони евра. „Росонерите“ во летниот преоден рок одбија понуди од 100 милиони евра бидејќи сакаат да го задржат на „Сан Сиро“.
Спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос е голем симпатизер на играта на Португалецот и сака да го донесе во Париз, па е спремен да ја плати откупната клаузула.
Преговорите помеѓу Леао и Милан за продолжување на договорот се во напредна фаза, па поради тоа ПСЖ сака што побрзо да го договори трансферот.
#PSG, assalto a Milano: pronti 150 milioni per #Leao e una ventina per #Skriniar che non rinnovano i loro contratti con #Milan e #Inter (#Tuttosport) pic.twitter.com/jYfg4SKKB2
— Giovanni Capuano (@capuanogio) October 11, 2022