Интер во зимскиот преоден рок најверојатно ќе го продаде Робин Госенс, кој не се вклопува во стилот на Инзаги.




Кога во текот на зимото стигна во Интер Робин Госенс требаше да биде засилување за подолги стази. Поранешниот играч на Аталанта прво играше позајмен, а потоа „нероаѕурите“ го откупија неговиот договор за 25 милиони евра.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Меѓутоа, првите шест месеци Госенс падна во сенка на Перишиќ, а оваа сезона игра под сите очекувања и главно е на клупата за резерви.




Поради тоа Интер е спремен да го продаде во јануари, а интерес за него покажуваат клубови од Бундеслигата и Премиер лигата.




„Нероаѕурите“ за неговата слобода бараат 20 милиони евра, па останува да видиме дали има клуб кој е спремен да ја плати таа сума.