Барселона и Атлетико Мадрид постигнаа договор за трансферот на Антоан Гризман, потврди претседателот Жоан Лапорта.
Како што што се најавуваше изминатите денови, Атлетико Мадрид ќе го купи Гризман за 20+4 милиони евра, наместо претходно договорените 40.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Гризман се врати во Атлетико по две слаби сезони во Барса, „јорганџиите“ тогаш се договорија за позајмица со обврска за откуп од 40 милиони евра.
Сепак, за да се активираше таа клаузула, Гризман мораше да одигра 50% од натпреварите, а Атлетико пресмета дека доколку Французинот игра по 30 минути по натпревар, во оваа втора сезона Мадрид нема да има обврска да го купи.
„Се е договорено. Зделката е добра, ќе добиеме 20 милиони евра плус 4 милиони под формата на бонуси. Ќе ја добиеме и разликата доколку Атлетико го продаде за сума до 40 милиони евра“, потврди Лапорта.