Дома Топ вести Реал Мадрид ја сака новата холандска ѕвезда

Реал Мадрид ја сака новата холандска ѕвезда

Реал  Мадрид се вклучи во трката за потписот на ѕвездата на ПСВ, Коди Гакпо, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


22-годишната ѕвезда на ПСВ блеска и оваа сезона и е прв фудбалер во Европа кој стигна до 10 гола и 10 асистенции.

Манчестер Јунајтед не успеа да го донесе во летниот преоден рок, а сега во трката за Гакпо се приклучи и Реал Мадрид.

Холанѓанецот може да игра на повеќе позиции во нападот и како централен напаѓач, па Анчелоти верува дека идеално ќе се вклопи во Реал Мадрид.

Реал Мадрид наскоро ќе почне преговори со ПСВ бидејќи сака да ја победи конкуренцијата и за потписот на Гакпо е спремен да плати 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…