Манчестер Јунајтед сака да го задржи португалскиот репрезентативец Диого Далот, пресуваат медиумите на Островот.
Далот влезе во последната година од договорот, но Јунајтед има опција за еднострано продолжување до 2024 година.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Далот игра добро под водство на Тен Хаг од почетокот на сезоната и „црвените ѓаволи“ сигурно ќе ја актувираат опцијата за продолжување на договорот.
Силен интерес за Португалецот покажуваат италијанските клубови, Милан, Рома и Јувентус и сакаат да го донесат на лето во своите редови.
Далот има искуство во Серија А бидејќи одигра една сезона во Милан и е спремен да се врати во Италија.