Дома Топ вести Челзи не се откажува од Леао

Челзи не се откажува од Леао

Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи не се откажува од намерата да го доведе Рафаел Леао на „Стенфорд Бриџ“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Челзи во последните денови од преодниот рок испрати богата понуда за Леао, но Милан експресно ја одби бидејќи не сака да го продава Португалецот.

Леао беше прогласен за најдобар фудбалер во Серија А минатата сезона и Милан порача дека може да замине само ако некој ја плати откупната клаузула од 150 милиони евра.

Челзи не се откажува, особено ако Леао не стави потпис на нов договор со „росонерите“, кој истекува во 2024 година.

Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи е спремен да плати 100 милиони евра за потписот на Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…