Иднината на Лео Меси веќе неколку недели е главна тама во шпанските медиуми поради неговото евентуално враќање во Барселона.
Договорот на Меси со ПСЖ истекува на крајот на сезоната, па Аргентинецот може да се врати на „Камп Ноу“ како слободен агент.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Аргентинската новинарка Вероника Брунати денес лансираше „бомба“ и тврди дека тоа сигурно ќе се случи од 1 јули 2023 година.
Брунати е позната по тоа што е многу блиска со најголемите фудбалски асови во својата земја, особено со Серхио Агуеро, а гостуваше и во бројни документарни филмови за многу фудбалери.
Неодамна таа објави и фотографија со Чави, што дополнително ги подгреа надежите на навивачите на Барселона дека наскоро повторно ќе ја видат легендата на „Камо Ноу“.
🚨 Lionel Messi will be a Barcelona player once again on July 1st, 2023.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 4, 2022
(Source: @verobrunati) pic.twitter.com/ZCDV3gqNPh