Вториот престој на Роналдо во Манчестер Јунајтед изгледа дојде до самиот крај.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Роналдо минатата сезона беше најдобар стрелец во тимот, но оваа сезона тешко доаѓа до минутажа и ја грее клупата за резерви.




37-годишниот Португалец игра редовно во Лига Европа, но во Премиер лигата има само два настапи.




Англиските медиуми пишуваат дека Манчестер јунајтед најверојатно ќе го пушти Роналдо да замине уште во јануари, а целата ситуација ја следи Челзи.




Во летото Томас Тухел го стопира неговиот трансфер на „Стенфорд Бриџ“, но се чини дека сега нема никакви пречки.




Новиот сопственик на Челзи смета дека доаѓањето на Роналдо ќе биде одличен потег и веќе работи на трансферот.