Под слоганот #PLAYWITHHEARТ, Македонија, заедно со Словенија и Црна Гора, есенва ќе биде домаќин на Европското сениорско првенство во ракомет за жени.
Натпреварите од прелиминарната Ц група ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски,“ а билетите се веќе во продажба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа РФМ објави дека во продажба се пуштени билети за спацијална навивачка фан зона трибините во СЦ „Борис Трајковски“.
„Одлична вест за најгласните поддржувачи на македонскиот ракомет!
Во продажба се пуштени билети за специјалната навивачка фан зона на трибините во салата СЦ Борис Трајковски, каде од 4-20 ноември ќе се одржуваат дел од натпреварите на Европското Сениорско Првенство во ракомет.
Сите заедно, да навиваме за нашите ракометарки! Купете го вашиот специјален билет на следниот линк: https://tinyurl.com/EHF22WMKD“, стои во објавата на РФМ.
Фото: РФМ