Дома Трансфер зона Италијанско дерби за Модриќ

Италијанско дерби за Модриќ

Лука Модриќ најверојатно ја игра последната сезона во Реал Мадрид, но нема да стави крај на кариерата.

Модриќ веќе 10 сезони го носи дресот на Реал Мадрид и се етаблираше во еден од најважните и најтрофејни играчи во историјата на „кралскиот“ клуб.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Со оглед дека на истекот на договорот ќе има 37 години, најверојатно Хрватот ќе ја заврши авантурата во Мадрид на крајот на сезоната.

Силен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Интер и Јувентус, кои сакаат да го донесат на лето во своите редови со оглед на фактот што игра на многу високо ниво.

Модриќ сака да ја заврши кариерата во Реал, но ако „кралевите“ не му понудат нов договор, тогаш е спремен да се пресели во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…